Турција славеше
на домашен терен против Холандија со 4-2, а по првите 45 минути игра во
Истанбул домаќинот водеше со 2-0, а уште во тој период од пресметката ја најави
победата, која во еден момент дури се стави под знак прашалник.
Јилмаз со два
гола во серија, најпрво во 15, а потоа и во 34 минута од пенал донесе водство
од 2-0 за Турција во првото полувреме, за веќе по само една минута игра во
вториот дел, Чалханоглу да донесе водство и од 3-0.
Сепак, гостите за
момент донесоа голема неизвесност на мечот откако Класен во 75 и Де Јонг минута
подоцна ги вратија во игра гостите намалувајќи на 3-2, меѓутоа конечните 4-2 за
потврда на победата за Турција ги постави Јилмаз со хет-трик, односно со
третиот гол, овој пат во 81 минута од мечот.
Во
квалификациската група „Г“, освен Турција и Холандија, се уште и Латвија,
Норвешка, црна Гора и Гибралтар.