„Јас сум најдобриот пеналџија во Манчестер Сити, но Гвардиола не ми дава да ги изведувам!“

by
1 минути читање

Манчестер Сити
има еден куп ѕвезди, но и покрај тоа, пеналите им се слаба страна во последните
година-две. Габриел Жесус, Рахим Стерлинг, Серхио Агуеро и Илкај Гундоган промашуваа
минатата сезона па одговорноста ја презеде Кевин Де Брујне, но и тој не
реализираше најстрога казна против Ливерпул минатиот месец.

Голманот Едерсон вели
дека тој е решение за проблемот, но Пеп Гвардиола не му дозволува да шутира
пенали.

„Не тренирам изведување
на слободни удари, тренирам само пенали. Кога играв во Рибеирао, знаев да
изведам слободен удар, но тоа сега е минато, плус имаме нколку навистина добри
изведувачи на слободни удари во Манчестер Сити“
– вели Бразилецот.

„Што се однесува до
пеналите, јас сум најдобриот пеналџија но Пеп Гвардиола не ми дава да ги
изведувам“.

Во 2018, Пеп
Гвардиола изјави дека никогаш нема да му дозволи на Едерсон да шутне пенал.

„Не, тоа нема да
се случи. Тој е голман, има други играчи кои можат да шутираат. Треба да се
покаже почит кон противникот, кон натпреварувањето. С
екако во пенал
серија или на пријателски меч може да шутира, но на нормален натпревар, нема
шанси“
– порача тогаш стратегот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×