352
Сами Кедира, кој стави крај на кариерата минатото лето, помина пет години на Сантијаго Бернабеу, но и покрај тоа што е мадридиста, има само пофални зборови за Барселона предводена од Пеп Гвардиола.
„Дури и како мадридиста, можам да кажам дека Барселона од 2010 е најдобриот тим кој сум го видел“ – вели Германецот во разговор со ЕСПН.
„Најдобрите противници со кои некогаш сум се сретнал се Чави и Андрес Иниеста, не ми е јасно како немаат освоено „Златна топка“, тоа е жално. Морам да го издвојам и Бускетс, мислам дека тие тројца немаа изгубено топка!“.