163
Андриј Јармоленко
игра фантастично на Европското првенство, а за тоа нема дилеми откако во
поразот со 3-2 од Холандија постигна еден гол, а во победата против Македонија
со 2-1 запиша гол и асистенција.
Фудбалерот на
Вест Хем воедно е последната ѕвезда на европскиот турнир кој се вмеша во темата
со пијалоците кои стојат на масата за време на пресконференциите, а всушност се
дел од главните спонзори на турнирот.
„Може ли јас
нешто да сторам? Го видов Роналдо како го прави ова, сакам да ги преместам
пијалоците овде, Кока Кола и Хајнекен, ве молам, бидете во допир со сево ова“
рече Украинецот.