По завршувањето на сезоната во која беше одличен на теренот, Ламин Јамал и понатаму е во фокусот на јавноста, но сега поради теми кои не се поврзани со фудбалот.
Имено, по објавите дека наводно стапил во контакт со ѕвездата на филмови за возрасни, Клаудија Бавел, Јамал преку емисијата „TardeAR“ негираше секој вид поврзаност ссо порно актерката. Во аудио изјава, која беше емитувана во шоуто, тој истакна дека „немал интерес за разговор“ и дека средба помеѓу нив не се случила.
Претходно Бавел тврдеше дека таа одбила средба со фудбалерот.
„Всушност, тој го побара мојот контакт и инсистираше на средба. Демантира дека сме се сретнале, иако имаме повеќе средби на јавни настани. Никогаш не сум имала намера да извлечам слава или финансиска добивка од ова. Единствено околу што сме на иста линија е дека не се случила приватна средба,“ додаде Бавел.
Таа во емисијата изјави дека контактот го прекинала одамна, но дека неодамна добила порака во која, како што тврди, Јамал ѝ се заканувал да не открива детали од нивните разговори. Наведе и дека поседува аудио-снимки на кои тој ѝ предлага да се видат, и покрај разликата во годините.