Јаја Туре си заминува од Олимпијакос по само три месеци

by
1 минути читање

Некогашниот
репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре неславно ја заврши
својата авантура во грчки Олимпијакос, откако соработката со тој клуб заврши по
само три месеци.

Грчките медиуми
пишуваат дека Олимпијакос донел одлука да ја раскине соработката со Туре,
поради, како што велат, тој не ги оправдал очекувањата.

Туре беше еден од
најдобрите фудбалери во Премиерлигата, каде забележа 230 настапи во дресот на
Манчестер Сити, во кои постигна и 59 погодоци, претходно играше за Барселона.

35 годишниот
фудбалер токму во Олимпијакос беше забележан од поголемите европски гиганти, во
2007. година следеше трансфер во Монако, потоа во Барселона, па во  Манчестер Сити, по што годинава се врати во
Олимпијакос, но, оваа епизода заврши неславно за него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани