30 годишниот македонски
бомбардер од редовите на турскиот Суперлигаш Гезтепе, Адис Јаховиќ беше гостин во турското издание на „Beinsports“, тој одговори на неколку прашања, меѓу кои и она за
неговата иднина.
„Пред се’ би сакал да им се заблагодарам на фановите за нивната
љубов кон клубот која ја покажуваат, секогаш се обидувам да бидам позитивен, го
давам максимумот од себе за овој клуб. Договорот полека но сигурно истекува,
наскоро ќе имам средба со претставниците на клубот. Го засакав Измир премногу, го
засакав и овој клуб и неговите фанови, се надевам дека ќе продолжам тука…“
изјави Јаховиќ чиј договор со Суперлигашот истекува идното лето.
Оваа изјава сигурно ќе ги израдува фановите на Гезтепе, барем за момент, познато е дека тие на големо го почитуваат македонскиот напаѓач, а каде и да одат во бодрењето на клубот, со себе на трибините носат и македонски знамиња во негова чест.
Познато е дека за
услугите на Јаховиќ се заинтересирани повеќе клубови, од Турција можеби
најзагреан за него е бранителот на титулата Бешикташ кој во Македонецот гледа
идеална замена за Ченк Тосун кој би требало во јануари да направи трансфер во
некој од европските гиганти.
Јаховиќ со 12 погодоци е
втор стрелец во тамошната лига заедно со Бурак Јилмаз од Трабзонспор, прв со 13
гола е Бафетимби Гомис од Галатасарај.
Извор: ajansspor.com