Јаховиќ маскиран во Супермен даваше интервју за турските медиуми: Се чувствувам гладен за успеси и голови, затоа работам напорно (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Турски „Фанатик“  доста иновативно го направи интервјуто со македонскиот бомбардер Адис Јаховиќ кој игра во животна форма во дресот на суперлигашот од таа земја Гезтепе.

Во фокусот беа неговите
планови околу иднината, познато е дека неговиот актуелен важечки договор со
клубот од Измир истекува идното лето, а тој е на листата на желби на повеќе
екипи. Подолг период се пишува за интерес од турскиот првак Бешикташ, а
останатите екипи се ЦСКА Москва, како и богатите понуди од Кина за кои јавноста
веќе беше информирана.

Мојот договор со
Гезтепе истекува на крајот од сезоната, многу шпекулации се поојавија низ
медиумите и би сакал да ги изнесам фактите. Го сакам Гезтепе премногу, го сакам
Измир исто така, фановите се прекрасни, моите соиграчи и мојот тренер. Се
чувствувам гладен за успеси, гладен за погодоци, затоа толку многу работам

вели Јаховиќ.


Договорот и сите тие
процедури и преговори околу истиот не се рефлектираат воопшто на мојата игра,
тоа е многу важно, мислам дека заслужувам добар договор, јас имам свои барања
до клубот, но немам добиено одговор на таа тема. Тоа е моменталната ситуација,
да останам овде би ме направило многу среќно, но тоа зависи се
од клубот доколку ми понуди добар договор. Мојот
приоритет е Гезтепе
“ додаде македонскиот напаѓач во интервјуто.

Јаховиќ со 14 погодоци е
на делба на првото место на листата на стрелците во турската Суперлига заедно
со Бафетимби Гомис од Галатасарај, како и Бурак Јилмаз од Трабзонспор.

 

Извор: fanatik.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани