71
Адис Јаховиќ, 30
годишниот македонски напаѓач од редовите на турскиот Суперлигаш Гезтепе има
најдобра статистика по едно нешто.
Македонецот учествувал
со 47% од вкупните (30) гола на Гезтепе во првиот дел од сезоната во тамошниот
шампионат. Статистички, речиси секој втор гол на тимот од Измир е дело на
нашиот фудбалер. По него следат Калид Буталиб од Малатијаспор, како и Мустафа
Јатабаре од Карабукспор со по 43% учество во погодоците на своите екипи.
Јаховиќ постигна 14
погодоци на 16 натпревари и моментално заедно со Бафетимби Гомис од
Галатасарај, како и Бурак Јилмаз од Трабзон се на делба на првото место на
листата на стрелците во таа лига.
Извор: futbolarena.com