Ја освои Бундеслигата со Баерн, а може да добие медал и од втора лига!

by 24 фудбал
1 минути читање

Голманот на Баерн Минхен, Јонас Урбиг, во неделата го прослави својот прв трофеј во Бундеслигата, а постои можност оваа сезона да ја заврши со уште една титула – и тоа со Келн во Втората лига.

Урбиг (21) ја започна сезоната како голман на Келн, за кого бранеше на десет натпревари, пред во јануари да се пресели во Минхен како замена за повредениот Нојер. Баерн веќе ја осигура шампионската титула, а Келн се наоѓа на второто место во Цвајта, само бод зад лидерот Хамбургер СВ, со уште две кола до крајот.

„Во добар контакт сум со момците и би бил многу среќен ако Келн стане шампион на Втората лига“, изјави Урбиг.

Ако тоа се случи, младиот голман ќе стане само третиот играч кој во иста сезона освоил титули во двете најсилни германски лиги. Претходно тоа го направиле само Паси Раутијаинен (1980/81 со Баерн и Вердер) и Франк Хартман (1986/87 со Баерн и Хановер 96).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани