128
Во куќата на
фудбалот во Македонија денеска се одржа предвидената ждрепка за полуфиналето од
националниот куп, со тоа што беа извлечени и двојките за таа фаза од
натпреварувањето.
Македонија Ѓорче
Петров ќе има можност да се одмазди на Академија Пандев за поразот во последното одиграно финале од пред две сезони, а другата полуфинална двојка сезонава е Струга Трим Љум – Силекс.
Натпреварите ќе
се одиграат на 7 април со почеток од 15 часот, а бранител на титулата од купот практично е составот предводен од страна на Александар Васоски, Академија Пандев, тим кој во сезоната 2018/19 го подигна пехарот од ова натпреварување, кое лани поради пандемијата беше стопирано во полуфиналето..