195
Поранешниот
турски фудбалер Хамит Алтинтоп, кој инаку е амбасадор за финалето во Истанбул
оваа сезона, ги извлече двојките за четвртфиналето во Лигата на шампионите, а во оваа фаза ќе се судрат и минатогодишните финалисти Баерн Минхен и ПСЖ.
Првите натпревари
се предвидени да се одиграат на 6/7 април, додека пак реваншите една седмица
потоа, а домаќините од првите натпревари се според објавеното во кое гледаме две мега пресметки:
Манчестер Сити –
Борусија Дортмунд
Порто – Челси
Баерн Минхен –
ПСЖ
Реал Мадрид – Ливерпул