„Извинете, но Куртоа е најдобриот голман во светот во моментов“

by
1 минути читање

Тибо Куртоа со
пет одбрани беше еден од најзаслужните за минималната победа на Реал Мадрид кај
Интер синоќа во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Под насловот „Извинете,но Куртоа е најдобриот голман во светот во моментов“, Хуан Игнасио Гарсија-Очоа
за „Марка“ ја почнува својата анализа на вчерашниот меч во Милано.

Веднаш штом
кажете дека Куртоа е најдобриот во светот, луѓето се подготвени да ве нападнат,
особено навивачите на Атлетико Мадрид кои стојат на ставот дека најдобриот е
Јан Облак
“ стои во делот за белгискиот голман кој е означен за ѕвезда на мечот.

Како и да е,
Куртоа изминативе две години се разви во нешто повеќе од што беше во Реал
Мадрид и националниот тим на Белгија, константно го спасува својот тим, а истото
го стори и во средата навечер, а беше и клучен во титулата од сезоната 2019/20

додаваат од „Марка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×