Не е тајна дека
Пјер-Емерик Обамејанг секогаш посакувал да биде член на мадридски Реал, а 32
годишниот напаѓач во текот на последниот ден од преодниот рок го реализираше
трансферот во најлутиот ривал на „Кралевите“, Барселона.
„Марка“ потсети
на една изјава на Габонецот дадена по натпревар од Лигата на шампионите на
Борусија Дортмунд против Реал Мадрид, за што напаѓачот од страна на репортерот
на „БеИН Спорт“ беше запрашан за можноста да го облече дресот на „Кралевите“.
„Секако, јас
секогаш сум го велел тоа, имам дадено ветување до мојот дедо дека ќе играм тука“
рече тогаш Обамејанг.
„Дали да му
кажеме на Флорентино Перез за ова?“ му возврати репортерот, алудирајќи на
првиот човек на Реал Мадрид.