Иван Газидис ќе добие отказ од Милан поради Суперлигата?

by
0 минути читање

Весникот пишува дека неговите коментари за Суперлигата и неговата инволвираност може да му пресудат откако проектот се распадна за 48 часа.

Во објаснување на спонзорите на Милан, Иван Газидис рече дека Суперлигата ќе дава поддршка на цела фудбалска пирамида откако клубот прифати да биде еден од 12 основачи.

Отогаш се се распадна, но претседателот Флорентино Перез инсистира дека Милан не се повлекол.

Сепак колапсот на Суперлигата зема „жртви“ во раководните функции на клубовите, а „Кориере дело Спорт“ тврди дека Газидис ќе добие отказ.

Главен кандидат за неговата позиција е Паоло Малдини кој сега ја има улогата на технички директор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×