Италијанските медиуми удрија со дрва и камења по Конте

by
2 минути читање

Интер одигра само
реми без голови на домашен терен против Шахтар и покрај тоа што имаше апсолутна
доминација на теренот, а фактот што со тоа останаа на само една победа во
својата група донесе елиминација во Лигата на шампионите уште во групната фаза
од тоа натпреварување.

Сосема очекувано,
прв на листата за критики кај многумина е токму тренерот Антонио Конте, а
италијанските медиуми не се штедеа на критики кон него, па дел од нивните
коментари гласеа дека „Нероаѕурите“ не прикажале ниту идеја, најмалку храброст,
а предводникот на тимот од Милано доби критики и поради задоцнетите промени во
тимот.

Веќе кога увиде
дека едноставно не оди, Конте од 68 до 85 минута направи пет измени, од кои три
во последниот наведен период, а помалку зачудувачки е за многумина фактот што
Перишиќ, Ериксен и Санчез мошне доцна влегоа на теренот да им помогнат на
своите соиграчи, особено Ериксен кому му беа потребни пет минути игра за да
донесе голема разлика во играта на теренот, но на крајот недоволно за победа и
прогрес во нокаут фазата.

Заглави со
неговиот план во однос на тактиката од првиот меч, а тоа му донесе идентичен
резултат
“ напиша „Газета дело Спорт“ алудирајќи и на ремито без голови
претходно против Шахтар во групата.

Гигантот од Серија
А не остави впечаток дека доминира на натпреварот, ова е само дел од повеќето
фактори кои покажаа колку разочарувачки и очајно беше изданието на Интер во
Лигата на шампионите
“ коментираа од „Тутоспорт“.

Подготвеноста од
аспект на физички план можеби ќе помине во Италија, можеби тоа би било доволно
во едно такво првенство, но тоа не важи и за натпреварите во Европа, каде
идеите и храброста се апсолутно потребни за да се добие еден натпревар, Интер
не покажа ништо од тоа
“ напиша „Кориере дело Спорт“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×