Италијанскиот новинар кој објави за смртта на Рајола, се повлече од твитер

by
1 минути читање

Танкреди Палмери беше еден од првите кои објавија дека Мино Рајола починал. Откако се утврди дека не е така и дека фудбалскиот агент е жив, стигнаа лавина критики на адреса на новинарот.

Палмери го избриша твитот за смртта на Рајола, се оправда и најави дека ќе се повлече на една недела од твитер.

„Го избришав твитот за Рајола. Тоа не беше шпекулација или трка да се биде прв. Никогаш не би направил такво нешто на ваква тема. Веста прва ја објави „TgLa7“, најдобро рангираната италијанска телевизија за вести, потврдена од сите најголеми италијански медиуми. Но и јас згрешив што твитнав, па затоа сум огорчен и се извинувам“, вели Танкреди Палмери.

„Поради тоа одлучив да се исклучам од твитер во текот на следната недела. Ќе повторам: Не бев јас тој кој прв ја објави веста за Рајола“. Твитот поврзани со мојата работа ќе има. Но јас нема да твитнам ништо од мојот глас во текот на следната недела“.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани