81
33 годишниот
фудбалски судија Даниеле Де Сантис и неговата девојка, 30 годишната Елеонора
Манта, синоќа биле избодени до смрт.
Инцидентот се случил
во домот на Даниеле Де Сантис во Лече, соседите слушнале расправија и вресоци,
а потоа го виделе убиецот како бега од местото на злосторството со нож во рака.
Даниеле Де Сантис
главно делел правда на натпревари од третата фудбалска лига на Италија, има и еден
меч во Серија Б, како четврти судија на пресметката помеѓу Пиза и Беневенто.