Матео Равето (32) и Симонлука Агацоне (39), фудбалери на италијански нисколигаши загинале на автопатот А26 во близина на Лече откако автомобилот со кој се движеле удрил во две диви свињи.
По ударот автомобилот се превртел, излетал од патот, а двајцата играчи го загубиле животот.
Во автомобилот имало и трет човек кој се здобил со повреди, но ја преживеал сообраќајната несреќа.
Агацоне потекнува од младинската школа на Милан, тој играл и за СПАЛ и Специја. Равето нема настапи за познати италијански клубови.
Sono Simonluca Agazzone, 39 anni, di Bogogno (nel Novarese) e Matteo Ravetto, 32, di Gattinara (nel Vercellese), entrambi calciatori i due automobilisti morti nell’incidente avvenuto .https://t.co/9L4ETP6TKA
— La Stampa (@LaStampa) October 1, 2020