„Спорт Медијасет“,
„Скај Спорт Италија“, како и „СпортИталија“ изнесоа една доста необична теорија
според која Италија би можела да се најде на Светското првенство во Катар во
декември.
Како што е
познато, Македонија успеа да приреди големо изненадување и да ги елиминира „Аѕурите“
во полуфиналниот бараж од квалификациите, а од таму сметаат дека евентуална
суспензија за Иран би можело да значи и повик за нив на големото
натпреварување.
Сценариото со
Иран излезе низ јавноста откако таа земја одлучи да не дозволи влез на женски
особи за мечот со Лебан кој го добија со 2-0, а 2000 женски особи кои имаа
купено влезница за тој меч останаа пред стадионот, за што ФИФА предупреди на
санкции.
Еден од челниците
на Иранската фудбалска федерација, Мехрдад Серадчи на социјалните мрежи се
одзва со коментар за целата ситуација, појаснувајќи дека слушнал загрижувачки
вести од ФИФА и Азиската фудбалска конфедерација.