Челниците на Серија А на коло пред крајот ги утврдија индивидуалните награди за оваа сезона.
Во изборот на најдобрите доминираат од редовите на шампионот на Италија, Интер. Тренерот Кристијан Киву е избран за најдобар во сезоната, а исто така од „нераѕурите“ доаѓа и играчот кој е МВП на сезоната.
Интересно, за најдобар во сезоната 2025/26 во Серија А е избран дефанзивец, односно левиот бек Федерико Димарко кој блескаше сезонава.
За најдобар напаѓач е Лаутаро Мартинез, најдобар играч за врска Нико Паз, дефанзивец е Марко Палестра од Каљари, а најдобар голман е Миле Свилар од Рома.
Признание доби и Кенан Јилдиз, кој е избран за најдобар млад фудбалер во калчото.