Италија уште по првиот натпревар почна да стравува дека ќе остане без пласман на СП (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Норвешка со 3-0 ја совлада Италија па „аѕурите“ уште вечерва почнаа да прават калкулации и да стравуваат дека ќе останат без настап на Светско првенство.

Италија ги пропушти последните два мундијали, а уште сега почна да ги фаќа паника дека ќе го прескокнат и Светското првенство во САД.

Избраниците на Лучано Спалети вечерва загубија со 3-0 на гостувањето кај Норвешка и се во незавидна ситуација по само првиот одигран натпревар.

Поради тоа што не играа во првите две кола, Италија има нула бодови, додека пак Норвешка со три од три и 9 бода е на врвот на табелата.

Италија сега ќе треба да ги победи сите натпревари до крајот, но и тоа не им дава никакви гаранции дека ќе стигнат до првото место, и големи се шансите дека ќе мора да играат бараж – а токму баражот им носи лоши спомени, со оглед на тоа дека доживеаја неуспех во претходните два.

На останатите денешни натпревари, Израел со 1-3 славеше на гостувањето кај Естонија во другиот натпревар од групата И.

Во групата Л, Чешка со 2-0 ја совлада Црна Гора, а Хрватска со убедливи 0-7 триумфираше кај Гибралтар.

На вториот натпревар од нашата група Ј, Велс со 3-0 го совлада Лихтенштајн за првото место на табелата со 7 бода.

ФОТО: X/Nazionale Italiana

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани