Италија распиша меѓународна потерница за Робињо, треба да одлежи девет години во затвор

by
1 минути читање

Поранешниот играч на Милан, Робињо ја загуби и последната жалба, пресудата од девет години затвор за силувања останува.

Инцидентот се случил во Милано во 2013 година. Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко беа обинети за групно силување на 23-годишна девојка.

Бразилскиот напаѓач инсистираше дека се што се случувало било со дозвола на девојката, но снимените телефонски разговори и презентираните пораки не го поткрепиле неговото тврдење.

Италија сега бара Робињо да биде екстрадиран во нивната земја и да почне со одлежување на затворската казна.

Но, законот на Бразил не дозволува екстрадиција на бразилски државјани, па тешко дека Робињо некогаш ќе стапне во Италија за да ја издржува казната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×