Истражителите ги утврдија причините за хеликоптерската несреќа во која загина газдата на Лестер

by
1 минути читање

Помина еден месец
од трагедијата која се случи со смртта на газдата на поранешниот освојувач на
шампионската титула во Премиерлигата, Лестер, Вичај Ширвадханапраба, а воедно,
покрај него уште и пет лица.

Оваа трагедија го
потресе фудбалски свет, а веќе е откриена причината за хеликоптерската несреќа,
во која англиските истражители ја посочија главната причина за таа трагедија.

Се вели дека
утврдена е неусправност на педалите, по што, поради тоа пилотот на хеликоптерот
изгубил контрола врз леталото.

Истрагата довела
до заклучок дека механизмот кој ги поврзува педалите на пилотот во кабината, со
сечилата на роторот, кој го движи задниот дел од леталото, придонел за пат на
хеликоптерот, откако истиот не ја достигнал потребната височина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани