Историската партија на Сорлот низ бројки, даде хет-трик за помалку од четири минути!

by 24 фудбал
1 минути читање

Александер Сорлот, напаѓачот на Атлетико Мадрид, испиша нова страница во историјата на шпанскиот фудбал во победата на Атлетико Мадрид против Реал Сосиедад од 4-0 во Ла Лига.

Норвежанецот направи нешто невидено – дури четири пати ја затресе мрежата на Реал Сосиедад во првите 30 минути од мечот! Првиот гол го даде во 7. минута, вториот во 10., а само минута подоцна следуваше и третиот – спектакуларен хет-трик за помалку од четири минути.

Со три гола за 3 минути и 57 секунди, Сорлот го запиша најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига!.

Но, тука не застана. Во 30. минута повторно беше прецизен и го постигна четвртиот гол – никој никогаш не направил нешто слично, четири гола во првото полувреме на еден прволигашки натпревар во Шпанија.

Како шлаг на тортата – ова не му е првпат. Минатата сезона, на 19 мај, како фудбалер на Вилјареал, токму против Реал Мадрид даде четири гола на еден меч. Сорлот дефинитивно е кошмарен за баскиските екипи… и вистински гол-машина кога му тргне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани