Столчето на Хулен Лопетеги сериозно се ниша по серијата на слаби резултати и се чини дека само прашање на време е кога тој ќе добие отказ. Ваквите информации не му се допаѓаат на Иско, кој ужива голема доверба кај тренерот, и редовно играше во репрезентацијата на Шпанија и покрај тоа што не беше стандарден во Реал Мадрид.
„Мислам дека е лудост да му се даде отказ на тренот, мораме да го оставиме да работи. Доколку тој биде избркан, сите треба да летаме. Играчите се тие кои играат на теренот, фудбалот е колективен спорт, па не може само тренерот да биде виновен. Убеден сум дека заедно можеме да имаме одлична сезона, треба само малку трпение“ – вели фудбалерот од средниот ред.
„Лопетеги заврши одлична работа во Шпанија и истото го прави сега тука, само резултатите во последно време не се во наша корист. Неговата идеја за фудбалот остави импресија кај сите, едноставно овој период ништо не ни поаѓа од рака.“
„Искрано не верувам дека медиумите имаат моќ да го променат тренерот но контроверзијата која ја креирате не постои. Му веруваме. Спокојни сме, но можат да се случат милион работи. Сепак, веруваме во тренерот“.