Иско е МВП, соиграч на Чурлинов од Јагјелонија во тимот на сеозната!

by 24 фудбал
1 минути читање

Иско е избран за најдобар фудбалер во Конференциската лига сезонава, објавија од УЕФА. Плејмејкерот на Бетис одигра блескава кампања со девет настапи, два погодоци и три асистенции, носејќи го андалузискиот тим до нивното прво европско финале во историјата.

Иако Бетис загуби во финалето од Челси со убедливи 4-1, Иско беше моторот на тимот и главен актер во незаборавната сезона, што му донесе и сензационален камбек во репрезентацијата на Шпанија по цели шест години пауза.

На 33 години, Иско покажа дека уште има магија во нозете, а стручната јавност едногласно го награди со признанието за МВП на сезоната.

Во идеалниот тим на Конференциската лига покрај Иско се најдоа и: Јоргенсен, Тосин и Енцо Фернандез од Челси, Сабали од Бетис, Госенс од Фиорентина, Сешлар од Целје, Пулули од Јагјелонија, Нгуен од Ѓургарден и Кол Палмер од Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани