Иранците на шест дена пред Мундијалот уште немаат визи за влез во САД

by Стефан
1 минути читање

На само шест дена пред почетокот на Светското првенство, иранската фудбалска репрезентација сè уште се соочува со неизвесност околу добивањето американски визи за настап на турнирот.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Иран, Мехди Таџ, откри дека сите членови на репрезентацијата ги доставиле своите пасоши во американската амбасада во Анкара, по насоки добиени по разговорите со ФИФА.

„Во четврток имавме разговор со ФИФА во врска со визите за САД. Ни беше побарано сите пасоши да ги предадеме во американската амбасада во Анкара“, изјави Таџ, потсетувајќи дека националниот тим моментално престојува во Турција.

Според неговите очекувања, конечната одлука треба да биде донесена во текот најдоцна во текот на утрешниот ден.

Ситуацијата создава дополнителни проблеми за Иранците, бидејќи репрезентацијата има планирани патувања во Шпанија и Мексико како дел од подготовките за Мундијалот, а за реализација на тие планови неопходни се пасошите.

Добра вест за тимот е што мексиканските власти веќе ги одобриле потребните визи.

Иран на Светското првенство ќе дебитира на 15 јуни против Нов Зеланд во Лос Анџелес. Потоа следуваат пресметките со Белгија на 21 јуни, исто така во Лос Анџелес, и со Египет на 27 јуни во Сиетл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×