Иран веќе се пласираше на Светското првенство идното лето, но како ќе учествува?

by Стефан
1 минути читање

На една година пред почетокот на Светското фудбалско првенство во 2026 година, што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико се појавува потенцијален политички предизвик поврзан со учеството на иранската репрезентација. Азијците веќе обезбедија пласман, но нивниот пласман носи дополнителен предизвик за ФИФА.

Поради децениските тензии и неодамнешните конфликти меѓу Иран и САД, се поставува прашањето како ќе се овозможи влез и присуство на иранските фудбалери, стручниот штаб и нивните семејства на американско тло. Иако на сила е забрана за влез на ирански државјани во САД, постои правна можност за исклучоци во специјални околности – токму таа врата би можела да ја отвори ФИФА, со посредство на своите правни служби.

Но проблемот не е само во административната рамка. Доколку Иран успее да мине во елиминациската фаза, неизбежно ќе мора да игра натпревари во САД, што би можело да предизвика нова дипломатска криза.

Како една од опциите, се споменува можноста иранскиот тим да биде сместен во група А и сите натпревари да ги игра во Мексико. Но, пласман понатаму ќе значи дека тимот најверојатно ќе се пресели во американските градови, сценарио кое отвора низа прашања.

Одлуката ќе ја носи Организацискиот комитет во кој учествуваат претставници на трите домаќини, како и претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Европската куќа на фудбалот веќе има искуство со слични случаи и во минатото неколку репрезентации во конфликт беа одвоени во различни групи, а истиот модел би можел да го следи и ФИФА.

ИФИФА засега нема официјален коментар, се очекува ова чувствително прашање да биде отворено пред ждрепката за Мундијалот, која е закажана за декември.

Фото: the-afc.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×