Инзаги: Во август Јувентус важеше за прв фаворит за Скудетото, но сега ние сме на врвот

by
1 минути читање

Утревечер со
почеток од 21 часот се игра италијанскиот Суперкуп помеѓу освојувачот на
првенството ланската сезона Интер, како и освојувачот на тамошниот национален
куп, Јувентус.

Шефот на
стручниот штаб на актуелниот лидер во „Серија А“, Интер, Симоне Инзаги смета
дека на утрешната пресметка не постои фаворит помеѓу обата ривали.

Потребно ни е да
влеземе максимално посветено на овој натпревар, потребни ќе бидат фантастични
перформанси доколку посакуваме победа, свесни сме дека на натпреварот ќе има
моменти кога Јувентус ќе ни создаде проблеми во играта
“ рече Инзаги.

Во август тие важеа
за главни фаворити за Скудетото, со тоа што во трката секако беше вклучен и
Интер како дел од останатите фаворити, меѓутоа се бројат победите на теренот,
сега ние сме на врвот, но трката за титулата ќе трае до последното коло
“ додаде
тој.

Јувентус има
компетитивен тим, во оваа прилика би сакал да изразам сета среќа до Федерико
Киеза, не го познавам лично, но тој е важен за италијанскиот фудбал
“ заклучи
Инзаги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани