Победата од 3-0 над Милан во Купот на Италија ќе им даде самодоверба на фудбалерите на Интер пред мечот со Рома. Но Инзаги вели дека тие мора да бидат максимално внимателни.
„Оваа недела е премногу значајна. Победата над Милан ни ја зголеми самодовербата, но сегаиграме друго финале и тоа е многу значајно“, вели Инзаги кој знае дека до крајот на сезоната секој кикс може да биде кобен во битката за Скудетото.
„Знаеме дека се соочуваме со еден од најдобрите тимови во лигата, со одличен тренер кој сите го знаеме. Тој работи навистина добро во Рома и треба да бидеме многу внмателни. Ова е клучен натпревар за нас“.
„Сите играчи ги имам на располагање освен Видал кој заработи повреда на зглобот на дербито“.
„Мора да заборавиме на мечот со Милан, бидејќи утре се соочуваме со тимот кој е во форма. Треба да бидеме фокусирани на сите натпревари до крајот од сезоната и да бидеме свесни дека секој може да ни создаде штета“.