Симоне Инзаги во една сезона му донесе два трофеи на Интер откако по Суперкупот триумфираше и во Купот на Италија.
„Одигравме добро против многу, многу силен противник. Игравме добро во првиот половина час, потоа паднавме до полувремето. Во вториот дел влеговме лошо и примивме два гола. Требаше да бидеме повнимателни“, вели Инзаги.
„Како и да е, овој тим никогаш не се предава. Кога и да ми треба одговор од играчите на теренот, секогаш го добивам од кога дојдов до сега. Беше многу емоционално“.
„Сега имаме уште два меча во Серија А и сакаме да ја завршиме сезоната најдобро што можеме. Но ќе уживаме и во овие моменти, помина една декада откако Интер го освои Купот на Италија или Суперкупот, па среќен сум за клубот, овие неверојатни момци и фанови кои се заедно од самиот старт до крајот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.