Инзаги: На навивачите на Интер им се допаѓа стилот на игра кој го негувам

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Интер, Симоне Инзаги објасни како го подобрил стилот на игра
на „Нероаѕурите“, со тоа што подвлече дека среќава навивачи на клубот кои не го
кријат задоволството од стилот на игра кој тој го негува.

Тоа што сме
моментално на првото место не ни носи никаков трофеј, ние функционираме и
повеќе од добро, но тоа е само почетна точка
“ рече Инзаги.

Среќавам
навивачи на Интер кои ми велат дека им се допаѓа стилот на игра кој јас го
негувам како тренер, тие доаѓаат среќни на стадионот, тоа најважниот комплимент
за еден тренер
“ додаде тој.

Модерниот фудбал
е составен од освојување простор на теренот, така јас им давам слобода на моите
фудбалерите за да одлучат кој е вистинскиот момент да реагираат, сега откако
навивачите се вратија на стадионите, тренерите можат многу повеќе да допринесат
во играта на фудбалерите
“ подвлече Инзаги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани