Инзаги може како Мурињо: Една работа за „нероаѕурите“ и се повторува од историската 2010 година

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Интер се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите, а освен тоа тренерот Симоне Инзаги има шанси со овој клуб да ја повтори историската сезона 2009/2010.

„Нероаѕурите“ и понатаму се во игра за сите три трофеи: Серија А, Копа Италија и Лигата на шампионите, па така Инзаги има можност да го повтори успехот на Жозе Мурињо од 2010 година.

Тимот на Инзаги вчера успеа да ги издржи напаите на Баерн Минхен и така обезбеди ново полуфинале, а остаува да се види дали можат како во 2023 година кога трофејот им го зема Манчестер сити да стигнат до полуфиналето.

Во Серија А Интер има три бода предност во однос на Наполи, додека Аталанта на третото место плека ги губи шансите и веќе заостанува десет бодови. Нема ниту премогу тежок распоред Интер до крајот на сезоната и ќе се соочи со: Болоња, Торино, Комо, Рома, Верона и Лацио.

Во Купот на Италија ги чека реваншот против Милан откако во првиот натпревар беше 1-1.

Интересно е што Интер на Мурињо во 2010 година кога и Горан Пандев беше дел од овој тим исто така во полуфиналето за противник ја имаше Барселона која ја елиминираше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани