Интер долго водеше во Дербито на Италија, но Јувентус со гол од пенал на Дибала во финишот се спаси од пораз.
Пеналот беше досуден по асистенција од ВАР, Дензел Думфрис направи прекршок врз Алекс Сандро. Инзаги поради протести кон судијата доби црвен картон.
„Мислам дека само на таков начин можевме да примиме гол. Од пенал. Разочарувачки е бидејќи мислам дека го контролиравме мечот од стартот па до крајот. Не му дозволивме на Јувентус ништо да направи и не сум среќен бидејќи загубивме два бода“, вели Инзаги.
„Судијата беше таму, можеше да го види инцидентот, не требаше да добие повик за тоа. Разочаран сум за нашите фанови, одигравме добро и заслуживме повеќе“.
„Во ниту еден момент не бевме под притисок, го контролиравме мечот. Мојата реакција ане е добра слика, но во тој момент чувствуав дека нема потреба од реакција на ВАР“.
„Во 89. минута при една таква ситуација сосема природно е тренерот да реагира така“.