Инзаги: Исто како и со Сасуоло, имавме 20 шутеви и не дадовме гол

by
1 минути читање

Интер не го искористи киксот на Милан. Нероазурите можеа да излезат на врвот, но одиграа само 0-0 на гостувањето кај Џенова.

„Резултатот остава горчлив вкус во устата. Знаевме дека можевме да имаме подобар приод во натпреварот, Џенова е во добра форма, ни креираше проблеми во првите 20 минути, но потоа заслуживме повеќе“, вели Инзаги.

„Исто и како против Сасуоло, имавме 20 шутеви на голот и не постигнавме гол. Треба да работиме подобро, но не смееме да ги наведнеме главите. Видов добар перформанс и треба да им се вратиме на победите“.

„Не беше лесно да се скрши Џенова, но ние 37 пати влеговме во нивниот шеснаесетник, имавме 20 шутеви, погодивме пречка, имавме и други шанси кои ги пропуштивме“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×