Инзаги: Интер од мене побара пласман помеѓу најдобрите четири екипи во Серија А

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Интер, Симоне Инзаги открива дека раководството на клубот од
него на почетокот од актуелната сезона побарало пласман помеѓу најдобрите
четири екипи во „Серија А“.

Знам дека
раководството на клубот од мене побара да завршиме помеѓу четирите најдобри, да
се пласираме во нокаут фазата од Лигата на шампионите, како и да го освоиме
Суперкупот на Италија
“ рече Инзаги.

Во моментов
потребен ни е баланс, а јас веќе го видов тоа во тимот, но и општо во самиот
клуб, веќе анализиравме од последните неколку натпревари за тоа во кој дел од
играта треба да се подобриме
“ додаде тој.

Ние се уште го
имаме најдобриот напад во Серија А, немаме проблем со напаѓачите, би бил
загрижен доколку не креираме прилики за гол…
“ подвлече Инзаги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×