Инзаги има понуда на маса која ќе го направи најплатен тренер во светот!

by riste
0 минути читање

Симоне Инзаги има опција да го напушти Интер и да тргне по огромни милиони во Саудиска Арабија.

Ал Хилал е клубот кој притиска за да го донесе Инзаги на своето кормило. На италијанскиот стратег му нудат огромни милиони, ќе го направат најплатен тренер во светот.

Наводно преговорите се во напредна фаза, но се стопирани поради настапот на Интер во финалето од Лигата на шампионите.

По мечот со ПСЖ за кратко време ќе се знае дали Инзаги ќе замине на печалба во Саудиска Арабија или ќе остане во Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани