Симоне Инзаги го напушта Интер по четири години на кормилото на „нероаѕурите“, стратегот решил да го прифати предлогот на Ал Хилал и плата од 25 милиони евра по сезона.
Симоне Инзаги попладнево се сретна со раководството на Интер, двете страни дискутираа дали ќе продолжат заедно.
Официјална потврда нема, но неколку извори објавија дека Симоне Инзаги ги известил „нероаѕурите“ дека заминува.
Стратегот веќе си подал рака со Ал Хилал и ќе стане најплатениот тренер во светот со плата од 25 милиони евра по сезона.
Во четири години на кормилото на Интер, Симоне Инзаги донесе едно Скудето, две титули во Купот на Италија и три титули во Суперкупот на Италија.
„Нероаѕурите“ исто така играа и две финалиња во Лигата на шампиони, каде беа поразени од Манчестер Сити во 2023 година, и од ПСЖ минатата недела.
Особено боли ова последното, со оглед на тоа што Интер стана првиот клуб кој загубил финале со пет гола разлика.