Инзаги: Бројките на Роналдо и Меси даваат слика дека јас и Раул сме биле лоши напаѓачи

by
1 минути читање

46-годишниот Инзаги кој сега со голем успех е тренер на Беневенто, се пензионираше во 2012 година. Освои две Светски првенства и два пати го крена пехарот во Лигата на шампионите, играше за Парма, Јувентус и Милан, а во европските купови постигна 70 голови на 115 натпревари.

Роналдо има 131 гол во 177 натпревари, додека Лионел Меси 117 голови во 145 меча од европските купови.

„Отсекогаш го земам Роналдо како пример во соблекувалната. Со него ги мотивирам играчите бидејќи знам како тренира“, вели Инзаги.

„Но малку сум му лут на нему и на Меси. Благодарение на нив двајцата, изгледа како Раул и јас да сме постигнале многу малку голови во европските купови“.

Инзаги и Раул важат за едни од најдобрите голгетери на сите времиња, но Роналдо и Меси се надвор од секоја конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани