Инзаги: А велеа дека ова транзициона сезона за Интер

by
1 минути читање

По крајот на шампионската сезона од Интер си заминаа Конте, Лукаку и Хакими, па многумина предвидуваа тешка сезона за нероазурите.

Но, Инзаги по долги години го пласираше Интер во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а тимот е одличен и во Серија А.

„Интер е шампион на Италија, некои велеа дека ова треба да биде транзициона година, година во која фокусот е на спасување на клубот, но дојдов тука и најдов клуб кој ми даде поддршка во се и состав со исклучителни момци“, вели Инзаги.

„Донесовме некои фудбалери кои одговараат на проектот. Се пласиравме во осминафиналето од Лигата на шампионите што беше прва цел, и сега одиме во Реал Мадрид по првото место“.

Запрашан дали им кажал на фудбалерите за време на подготовките дека треба да докажат дека можат да освојат дури и без Лукаку и Хакими?

„Нема потреба од тоа. Тренирам одлични фудбалери кои пред се се одлични момци. Ериксен е уште еден кој имаше фантастичен втор дел од сезоната, но сме и без него“.

„Ова е процес на растење, купивме некои фудбалери кои се во функција на нашите идеи за фудбал и одиме понатаму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×