„Газета дело
Спорт“ известува дека Лука Дињ дал зелено светло за трансфер во Интер уште во
јануарскиот преоден рок, меѓутоа се верува дека барањата на Евертон за момент
ги ставиле преговорите во застој.
Поранешниот
дефанзивец на Рома сака да си замине од „Гудисон Парк“ по несогласувањата со
својот тренер Рафаел Бенитез, а за бекот истовремено интерес пријавува и
Наполи.
Сепак, проблемот
е во тоа што Интер посакува да го добие Французинот на позајмица, а со опција
за целосен откуп на неговиот договор, сепак, Евертон бара во договорот да
постои обврска за обештетување, па токму ова барање ги стави преговорите во
застој.
Вреди да се
напомене дека за 28 годишниот Дињ на Островот пишуваат дека интерес има и
Челси, односно како замена за Бен Чилвел кој поради повреда веќе ја заврши
сезоната.