643
Пјотр Зиелински заработи повреда во викенд дуелот со Монца во Серија А.
Полјакот влезе во игра во 70. минута од средбата, ама мораше да го напушти теренот по само три минути. Станува збор за повреда на мускулот на потколеницата во десната нога.
Поради ова Зиелински го очекува првична пауза од неколку седмици. Тогаш се очекуваат нови прегледи кои треба да покажат повеќе, дали станува збор за посериозна повреда или пак по најавената пауза ќе може да се врати.
Ова е голем удар за Интер поради тоа што доаѓа во клучен дел од сезоната кога тимот води борба на три фронта и секој играч е важен во ротацијата.