Интер приреди вистински спектакл на „Џузепе Меаца“ и со убедливи 5-3 го совлада Удинезе во натпревар со дури осум гола. „Нераѕурите“ со новите три бода останаа со максимален учинок по четири кола и заедно со Рома се единствените тимови во Серија А со перфектен старт.
Иако Интер победи немаше најдобар почеток на натпреварот. Удинезе го шокираше домашниот тим и за само 16 минути стигна до предност од 2-0. Абанквах погоди во деветтата минута, а Екеленкамп седум минути подоцна го удвои водството.
Интер, сепак, не дозволи натпреварот да му избега од раце. Во 26. минута Карлос Агусто со фантастичен удар од далечина ја намали предноста, а пред паузата Николо Барела се погрижи резултатот да биде израмнет.
По четири гола во првото полувреме, во вториот дел на теренот постоеше само еден тим. Интер целосно доминираше и ја погодуваше мрежата, додека Удинезе ретко ја поминуваше половината од теренот.
Пресвртот го комплетираше Маркус Турам во 57. минута, додека десет минути подоцна Еспозито зголеми на 4-2 и практично го реши победникот. Петиот гол за Интер беше дело на Бони кој стрелаше на десетина минути пред крајот. Точка на ефикасната вечер стави Геје во судиското продолжение.
Со овој дуел комплетирано е четвртото коло во италијанското првенство. Рома и Интер се на врвот со по 12 бода, додека зад нив се Комо и Лацио со по 10.