545
Интер минатото
коло стигна до Скудетото, па избраниците на Антонио Конте денеска против
Сампдорија одиграа без терет и стигнаа до убедлива победа од 5-1 и покрај тоа
што имаше многу измени во составот.
Резултатот беше
отворен во 4. минута, Гаљардини погоди за 1-0. Во 26. минута, Гаљардини одлично
го проигра Санчез, кој стрелаше прецизно за 2-0. Кеита намали на 2-1 во 35. минута,
но веќе во следниот напад Санчез ја врати предноста од два гола.
Во продолжението
од мечот, Пинамонти зголеми на 4-1 по еден час игра а десет минути подоцна,
Мартинез од пенал ги постави конечните 5-1.
За Интер ова беше
14-та победа во низа на домашен терен во Серија А и нов клупски рекорд.