Интер се опорави од поразот од Реал Мадрид со сигурна победа над Сасуоло (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Избраниците на Антонио Конте беа во лошо расположение откако во средата
загубија дома од Реал Мадрид и се пред елиминација од Лигата на шампиони.
Сепак, попладнево тие одговорија и со 0-3 славеа на гостувањето кај Сасуоло.

Резултатот беше отворен рано, Санчез уште во 4. минута погоди за 0-1. Десетина
минути подоцна беше 0-2. Видал упати една остра топка на пет метри а Кирикеш си
постигна автогол.

Победата беше осигурана по еден час игра, Гаљардини убаво закачи еден
полу-волеј и ги постави конечните 0-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×