Наполи е во финансиска криза поради пандемијата на ковид-19. Клубот му предложил договор со намалена плата на Инсиње, помала од сегашните 5 милиони евра по сезона, но тој не сака да слушне такво нешто.
Инсиње бара нов договор со плата од 6 милиони евра, а тоа е неприфатливо за Наполи.
Инсиње има уште една година од договорот, следното лето ќе биде слободен играч, Интер е заинтересиран да го ангажира во тој преоден рок.
Но во раководството на Наполи се разговара Инсиње да биде продаден во овој преоден рок со цел клубот да заработи од неговото заминување и да покрие дел од загубите.
Интер не би можел да го купи во овој преоден рок, тие се надеваат дека Наполи нема да го продаде, дека Инсње ќе ја одигра таму и оваа сезона, а потоа би го ангажирале како слободен фудбалер.