Интер се договорил со Луис Хенрике, следна цел е најдобриот стрелец во Холандија

by bojan
1 минути читање
Луис Енрике

„Нероаѕурите“ го сместија Луис Хенрике од Марсеј како еден од приоритетите за летниот преоден рок и последните информации велат дека Интер веќе постигнал вербален договор со Бразилецот.

Директорите на Интер со недели работат на засилување на тимот за сезоната 2025/29 и топ трансфер цел е Луис Хенрике од Марсеј.

Последните информации велат дека „нероаѕурите“ имаат вербален договор со Бразилецот за соработка до јуни 2030.

Интер сега треба да пронајде заеднички јазик и со Марсеј, клубот од „Меаца“ на маса има ставено околу 25 милиони евра, додека пак клубот од „Велодром“ бара нешто повеќе, односно околу 35 милиони евра.

Во исто време, „нероаѕурите“ меркаат уште едно засилување за офанзивата и скаутите внимателно го следат Сем Стејн од Твенте.

Холанѓанецот, кој не е класичен напаѓач, има одлична сезона и со 23 погодоци во моментов е прв стрелец во Ередивисие.

Сем Стејн има откупна клаузула од 10 милиони евра и ова го прави прилично примамлив за многу клубови, се шпекулира дека Рома и Феенорд исто така сериозно загризале за неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани