Интер сака да му земе на Милан уште еден важен играч

by
1 минути читање

По ангажманот на
Хакан Чалханоглу, во Интер имаат уште еден фудбалер на Милан на списокот на
своите желби за засилувања, а тоа е Франк Кеси.

Во Италија
наведуваат дека „Нероаѕурите“ под будно око ги следат случувањата со 24
годишниот фудбалер од средниот ред чиј договор со „Росонерите“ истекува идната
година, а продолжување на соработката со него во моментов е голем приоритет за „црвено-црните“
од Милано.

„Тутоспорт“
наведува дека се уште нема договор помеѓу Кеси и Милан околу продолжување на
соработката помеѓу обете страни, и покрај фактот што веќе извесен период се
водат преговори на таа тема.

Милан посакува
Кеси да го потпише новиот договор уште ова лето, за да се избегнат компликации
слични на тие со Чалханоглу, но и Донарума, кои веќе си заминаа од клубот.

Како и да е,
весникот додава дека постои голема „дистанца“ во преговорите помеѓу Кеси и
Милан во моментов, клубот наводно му понудил 3,8 милиони евра годишна плата, а
моментално тој заработува 2,2 милиони евра.

Агентот на Кеси
наводно побарал 6 милиони евра годишна плата за својот клиент, што е далеку од
тоа што Милан му го нуди, барем засега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×