Интер прокнижи рекордна загуба во Серија А, „нероаѕурите“ сезоната 2020/21 ја завршиле со минус од 245 милиони евра

by
1 минути читање

Интер минатата
сезона забележа успех на терените, по пауза од 11 години, избраниците на Антонио
Конте се радуваа на Скудето. Но на финансиски план, сезоната 2020/21 била
катастрофална.

Бордот на директори денеска го одобри финансискиот извештај според кој пандемијата на
ковид-19 придонела за минус од 245 милиони евра.

Оваа сума е рекордна
загуба во Серија А и ја надминува бројката на Јувентус, кој неодамна пријави
загуба од речиси 210 милиони евра во сезоната 2020/21 година.

За потсетување,
Интер во сезоната 2019/20 регистрираше загуба од 102,4 милиони евра.

„Нероаѕурите“
сепак се уверени дека бројките нема да бидат така катастрофални во сезоната
2021/22, навивачите полека се враќаат на стадионите, обезбедени се нови
спонзорски договори а ќе помогне и продажбата на Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×